Во прекрасниот простор на Културниот центар Магаза, гостите имаа можност да уживаат во прекрасната изведба на Трио Џентлмен.Трио Џентлмен е составено од тројца професионални оперски пеачи: Дејан Стоев -тенор, Кристијан Антовски – баритон и Дарко Нешовски – тенор. По урнекот на светските поп – класични состави се трудат тој жанр на пеење за прв пат да го презентираат и на нашите простори. На нивниот репертоар освен класичните композиции се наоѓаат и најголемите светски поп хитови изведени во поп-класичен манир, наполитански канцони,шпански песни, руски романси и секако македонското творештво.
![](https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2017/08/trio-8-783x684.jpg)