Во организација на јазичното студио „Лингва“, во рамките на БИТ ФЕСТ 2017 се одржа настан исполнет со многу дружење, забава и едукација. Детски театарски изведби на странски јазици под наслов „Летна лектира“ беа изведени пред многубројните гости. Настанот беше збогатен и со литературно читање на дела од познати европски поети на англиски, француски, германски и шпански јазик од страна на ученици проследени со тивка музичка придружба.
