БИТ ФЕСТ 2015 – настапот на ЉУБОЈНА и Исмаил Љумановски финале на Илинденски денови

БИТ ФЕСТ 2015 – настапот на ЉУБОЈНА и Исмаил Љумановски финале на Илинденски денови

45 издание на Илинденски денови и денеска со богата и одлична програма, а третата фестивалска вечер е посветена на староградска музика и игра, на која настапуваат гости од Велес, Кавадарци, Прилеп, Богданци, Хрватска, Романија и Полск, на терасата во Домот на АРМ.
Една од најескплоатираните, но и несомнено најубавите сцени на БИТ ФЕСТ Широк Сокак, вечерва ќе биде место за интернационална музика и игра, каде покрај гостите од Хрватска, Полска и Романија, ќе настапат и гости од Сардинија, Италија и Ансамблот „Македонка“ Св.Климент Охридски од Канада.
Утре (01.08.2015) финалето на Илинденски денови го означува концертот „Шербет Љубојна“ во античкиот театар на археолошкиот локалитет Хераклеа, со почеток од 21:00 часот. Членовите на групата „Љубојна“ и гостинот со светско реноме Исмаил Лумановски пред публиката ќе ја претстават богатата чалгиска традиција. „Шербет Љубојна“ е во духот на богатата староградска историја на Битола. Соработката на Љубојна и Центарот за култура од Битола, во рамките на БИТ ФЕСТ односно  фестивалот Илинденски денови, резултираше пред неколку години со албумот Љубојна brass fantasy, во продукција на Центарот за култура Битола, а и материјалот, кој што утревечер ќе биде премиерно изведен, повторно во продукција на оваа институција ќе и стане достапен на широката публика.

BF2015_Ilindenski_03_1 BF2015_Ilindenski_03_2 BF2015_Ilindenski_03_3 BF2015_Ilindenski_03_4