Вечерва со преставата „Не, не ти! Или за различноста“ на Мала сцена од Загреб започнува Интернационалниот детски театарски фестивал Битолино, на новата сцена во Центарот за култура, во 18.30, а во 20.00 часот во големата сала, најмладата битолска театарска публика ќе има прилика да ја гледа шведската претстава, на теататарот од Лунд „Звучи – ЗУН ЗУН“.
Интернационалниот детски театарски фестивал ќе трае три дена, до 7 август, а најмладите театарски љубопитници ќе можат да гледаат по две претстави дневно.
Инаку Битолино е можеби единствениот детски театар во земјава, кој што толку трпеливо и упорно работи на својот сон, а досега нивните 152 претстави се одиграни пред четириесет илјадна публика.
Овие три дена се посветени на најмладите, што уште еднаш ја потврдува заложбата на БИТ ФЕСТ 2015, да понуди содржини за сите вкусови, најразлични возрасти и широка публика.