ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДОСТАВА НА БАРАЊА ЗА ПРОЦЕНКА НА ШТЕТИ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДОСТАВА НА БАРАЊА ЗА ПРОЦЕНКА НА ШТЕТИ

По силните врнежи од дожд и невремето кое зафати делови од Општина Битола на 17 и 18 јули, се повикуваат жителите на општината кои претрпеле штета, да ги поднесат следните документи за проценка на штета на шалтерите во Општина Битола;

-Барање, кое  може да се преземе на следниот линк или на шалтерите во Општина Битола

https://www.bitola.gov.mk/wordpress/wp-content/uploads/2021/06/%D0%91-%D0%90-%D0%A0-%D0%90-%D0%8A-%D0%95.pdf

Во прилог на барањето,  потребно е да се достави:

-Имотен лист/доказ за сопственост,

-Копија од лична карта

-Број на трансакциска сметка.

Доставените барања ќе бидат разгледани од страна на Комисијата за проценка на штети од елементарни и други непогоди.

Барањата може да се доставуваат од четврток 22.07.2021, заклучно со понеделник 26.07..2021 од  7,30  до 15.30 часот, на шалтерите во Општина Битола.