Со неверојатно воодушевувачки импресии и аплауз од битолчани и љубителите на „нивниот“т.н урбан звук, беа поздравени членовите на бендот „Мазно ама не е“ на крајот од вечерниот концерт кој се одржа на
летната сцена на Тумбе кафе. „Мазно ама не е“, е бенд во кој членуваат млади, инспиративни, згодни, убај и талентирани деца во кои живее нескротлива желба за претворање на енергијата во ноти, удари и стихови. Бендот е настанат по пат на природна еволуција од средношколските гимназиски клупи за потребите на еден новогодишен концерт. Нивната заедничка љубов за музиката
претставува крстопат на разлики каде се спојуваат панкот, рок музката и Нирвана.
Мазните, како што тие сами се нарекуваат се токму на број 4 деца: Виктор Јовевски, Исаја Карадаковска, Мартин Петковски, Теодора Шаклевска. Концертот беше во рамки на БИТ ФЕСТ 2015.