Двесте грамофонски плочи и дел од опремата на некогашното радио број еден во државата „Радио Битола“ беа изложени на изложбата што ја организираше Здружението на граѓани Архивист 2 и Државниот архив на РМ – одделение Битола. Радитото кое веќе не постои зад себе остави голем архивски материјал, богат фонд на музика зачуван на ленти, касети и бројни грамофонски плочи. На изложбата беа изложени 200 грамофонски плочи и дел од опремата на ова радио што е зачувана во архивот по неговото одење во стечај.
Идејата за ваква изложба е добро примена и од некогашните вработени на Радио Битола кои својот работен век го поминале токму во овој медиум. Ова е прва изложба од ваков вид во земјава, а целта е да се сочува музичкото богатство што Радио Битола успеа да го задржи во текот на своето постоење.
Изложбата се реализира во рамките на најдолгото културно лето Бит фест 2015.