Во пациото на Завод и Музеј Битола, во рамките на десеттиот по ред БИТ ФЕСТ 2015, битолската публика и многубројните туристи имаа чест да ја погледнат промоцијата на серија филмови направени во чест на носителите на награди за животно дело, наградата 4- Ноември на Општина Битола.
Главните актери коишто беа прикажани во филмовите се:
Љубиша Ѓеоргиевски- роден во Битола, е театарски и филмски режисер, драмски писател и есеист, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Во својата политичка кариера бил кандидат за претседател, амбасадор во Бугарија и претседател на Собранието на Република Македонија.
Во 2012 год, со одлука на Управниот одбор му е доделено највисокото признание за посебно достигнување во својата професија, наградата 4- Ноември за животно дело од страна на Општина Битола.
Димитар Котевски, доктор специјалист офталмолог, во 2010 год. доста значајна личност во општествениот живот во Општина Битола, со одлука на Управниот одбор е награден со највисокото општинско признание, наградата 4-Ноември од Општина Битола, за посебен придонес во својата докторска професија.
Вера Стојчевска-Антиќ , професор и доктор по филолошки науки, шеф на катедра и прв директор на Институтот за македонска литература, во 2014 год со одлука на Управниот одбор наградена е со највисокото општинско признание за животно дело, наградата 4- Ноември од Општина Битола, за посебен придонес во областа на литературата.
Настанот се реализира во програма на БИТ ФЕСТ 2015.