Целосната реконструкција на улицата „Фахри Ибраим“ започна со замена на канализационата мрежа, која ја извршува КЈП „Нискоградба“ Битола. Реконструкцијата продолжува со замена на водоводната мрежа и на крај со асфалтирање на коловозот, во должина од 192 метри, а со вкупна вредност од 4.5 милиони денари.
