Во рамките на БИТ ФЕСТ се изведе театарската претстава „Со љубовта шегување нема“ во режија на познатата битолска режисерка Софија Ристевска, во „Интимен театар“- првата приватна театарска куќа во Македонија.
Претставата е создадена врз идејата за денешниот неолиберализам, којшто го проголтува и го уништува секој човечки напор за живеење надвор од неговата матрица, во свет конструиран единствено врз правилата на капиталот, кадешто човекот нема многу алтернативи, освен да се потчини и да се постави во функција на парите на потрошувачко општество, а љубовта и покрај тоа што е основна движечка сила секојдневно е масовно манипулирана.
Битолската публика како љубител на тетарот секогаш е тука кога станува збор за нешто авангардно и необично.