Сашо Поповски –гитара, професор на Музичката академија на УГД Штип, своето образование го оформил во Р.Бугарија Софија. Има издадено два албуми и учество во над 50 фестивали во земјата и странство.
Кирил Кузманов-саксофон, професор на Музичката академија на УГД Штип, факултетското образование и магистерските студии ги завршува во Грац Австрија, а член е на Биг Бендот на МРТ.
Иван Бејков-контрабас,основач на проектот ЗЛУСТ и ДНО, член на Тони Китановски трио и вработен во македонската филхармонија.
Пријатните звуци од етно џез-концертот на Сашо Поповски трио, беа уште едно музичко збогатување од многубројната и разнолична програма на јубилејниот БИТ ФЕСТ 2015.
Пред битолската публика Сашо Поповски трио, настапи со авторски композии на Сашо Поповски, во стил на современ џез.