НОВ КОЛОВОЗ НА УЛ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ

НОВ КОЛОВОЗ НА УЛ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ

 

Покрај асфалтирањето на улицата 29 – ти ноември, уредувањето на просторот пред службениот влез на Центарот за култура, изградбата на пешачки патеки, денеска завршува и асфалтирањето на улицата Кирил и Методиј во центарот на Битола. Вкупната вредност на проектот за реконструкција на оваа улица изнесува 1 213 180, 00 денари, а завршената реконструкција на 29 ти ноември е со вредност од 1 296 950 денари. На улицата Кирил и Методиј извршена е промена на канализациони приклучоци во деловите во кои што за тоа имаше потреба, а додека на улицата 29 ти ноември извршена е реконструкција на водоводната мрежа.
„Во овој дел финализираме две работи: улицата 29 – ти ноември и Кирил и Методиј. Вкупната должина на овие две улици е околу 400 метри, а вредноста околу 2 500 000 денари. Овие активности денес ќе бидат завршени, а на почетокот на идната недела планираме да се започне со реконструкција на ул.Буковски мост. Ќе се реализира делот од мостот до првата поголема раскрсница. Интензитетот кој го создадовме ова лето е многу динамичен и ќе ни овозможи планираната програма максимално да ја реализираме. Веднаш после празникот Илинден почнуваме со интервенција на патот Трново – Магарево. Следува и интервенција во пет села: Бистрица, Кравари, Кукуречани, Логоварди и Цапари, изјави Градоначалникот на Општина Битола М-р Владимир Талески.
Реконструкцијата на улиците е дел од проектот „Реконструкција на 100 улици“, односно „Реконструкција на 25 улици во 2013 година“.