АСФАЛТИРАНА УЛИЦАТА „ПРОГРЕС“

АСФАЛТИРАНА УЛИЦАТА „ПРОГРЕС“

 

Програмата за комунални дејности која се реализира во општина Битола, ја издигнува општината во најдобрите општини на инфраструктурен план во нашата држава.
Улицата Прогрес за која беа карактеристични кал и прав, денес е комплетно асфалтирана во должина од 350 метри. Денеска завршуваат и дополнителните работи на улицата која ги поврзува пошироката „Прогрес“ со веќе асфалтираната, а со овие интервенции ќе биде решен проблемот и со канализацијата во вредност од околу 150 илјади денари.
„Овде завршуваме на улицата Прогрес и се сеќавате граѓаните ни кажаа дека имаат проблем со одводната мрежа – и тоа го вклопивме и еве сега тоа го работиме. Според статистиката во државата, општина Битола со овогодишната градежна офанзива е најактивната општина во РМ, а се финализираат многу проекти кои биле долгогодишна желба на битолчани. Сите имаат своја специфика и за сите е потребно различно време, засебен проект и планирање на пари. Имаме многу работа, наследивме една општина којашто инфрастурктурно, но и во сите други сегменти, беше во катастрофална ситуација. Практично, Битола не што немаше видено едно метро асфалт, таа не знаеше како мириса асфалтот. Ние кажуваме што сме направиле, а има навистина уште многу, многу што да се прави. Само годинава се реконструирани 32 улици, а доколку се пресметуваат нивните краци – се стигнува до бројка од 50“, изјави Градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.
Во моментов се работи на втората половина од улицата Васко Карангелевски, а завршено е асфлатирањето на улици во селото Цапари и Логоварди, додека во завршна фаза е изградбата на мултинаменското игралиште во ОУ Даме Груев.