СЕ АСФАЛТИРА УЛИЦА БУКОВСКИ МОСТ

СЕ АСФАЛТИРА УЛИЦА БУКОВСКИ МОСТ

Денеска завршува асфалтирањето на улицата Буковски мост во Буковска населба. Новиот коловоз е во должина од 550 метри, а вкупната вредност на проектот кој вклучува и промена на водоводната мрежа изнесува 3 583 929 денари. Неодамна завршена е пешачката патека која води до населбата во должина од 350 метри и вредност од 150 000,00, како и осветлувањето на населбата во вредност од 6 400 000. Во изминатиот период во оваа населба реализирани се повеќе проекти:
„Нашата градежна сезона и понатаму трае. Времето е на наша страна. Во оваа населба сме интервенирале на повеќе места. Претходно интервениравме на една голема пешачка патека, интервениравме со дел од водоводната мрежа за Буково и Буковската населба, пробивање на улици, осветлување на дел од улиците, а сега во овој дел извршивме промена на водоводна мрежа, направивме пешачка патека и го асфалтираме најфрекфентниот дел кој што поврзува 4 важни аспекти. Ова е многу значајна инвестиција која се одвива на безбедноста на сите учесници во сообраќајот“, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.
Проектите кои се реализирани во оваа населба произлегуваат директно од потребите и барањата на мештаните:
„Задоволни сме од општината што интервенираат на овој многу значаен пат, ова беше горчливо прашање за урбаната заедница, имаше многу дупки од што последици имаа возилата. За другите наши потреби во постојан контакт сме со општината, изјави Коста Гацовски, претседател на урбаната заедница Стив Наумов.
„Благодарение на одличната соработка со општина Битола во нашата месна заедница реализирани се многу проекти. Влазот во населба Буковски ливади е од големо значење за нас. Реализирано е осветлувањето, а во идниот период договорена е промена на дограмата и во детската градинка“, изјави Елица Велјановска, жител на населба Буковски ливади.
Општина Битола продолжува со градежните интервенции во селата Цапари, Логоварди, Кравари и на други локации каде што во тек се инфраструктурни зафати, а исто така продолжува реализацијата и на капиталните проекти, како изградба на Црн Мост, изградбата на новиот кружен тек на улицата Васко Карангелевски и нејзината реконструкција, како и голем број други проекти.