ДОБРОВОЛНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА НА СПОРТИСТИ И ГРАЃАНИ

ДОБРОВОЛНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА НА СПОРТИСТИ И ГРАЃАНИ

Во малата сала во Спортската сала Младост денес се одржа доброволна крводарителска акција во која учествуваа Тони Мицевски – фудбалер, Митко Стојковски – фудбалер, Гордана Цветковска Бошевска – кик боксер, Зоран Лазаревски боди билдинг, Игор Николовски – ракометар и други познати спортисти од сите спортски клубови во општината, како и други граѓани кои на овој начин сакаа да ја покажат својата хуманост. Проектот: организирање доброволна крводарителска акција во која  учествуваат и спортисти е дел од програмата на градоначалникот на општина Битола д-р Владимир Талески за развој на локалната самоуправа во периодот 2013 – 2017 година, во делот на проекти предвидени за развој на спортот и создавање на подобри услови за спортување на младите. Организатор на акцијата е општина Битола во соработка со општинската организација на Црвен крст, а има за цел давање позитивен пример кај младите за подигнување на хуманитарната свест. Акцијата ќе биде традиционална и ќе се организира два пати годишно.