СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ЗБРАТИМЕНИТЕ ГРАДОВИ

СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ЗБРАТИМЕНИТЕ ГРАДОВИ

Градоначалникот на општина Битола оствари средба со помошник градоначалникот на Епинал и претседателот на општина Стари град од Белград. Покрај соработката во противпожарникарството, со Епинал Франција општина Битола има соработка и во делот на образованието и културата:
 „Еднаш годишно се гледаме или во Битола или во Епинал за да направиме преглед на тоа што е реализирано во изминатиот период, изјави Жак Грасер, помошник градоначалник на Епинал задолжен за култура.
„Соработката помеѓу Битола и Стари град трае веќе седум години, а денеска мислам дека за прв пат отворивме врата на една голема соработка во областа на културата, уметноста и образованието. Во следниот период очекуваме и поблиски контакти. Мило ми е што граѓаните на Битола препознаа во градоначалникот Талески човек од култарата кој навистина може да го води градот, изјави Дејан Стефановиќ, заменик претседател на општина Стари град, Белград.
На денешната средба се разговараше на повеќе теми:образование, култура, како и стопанско – економски развој, а исто така беше договорено и заедничко учество во новиот центар за аудио визуелни уметности во кој заеднички ќе партиципираат Епинал, Нанси, Стари град и општина Битола.