ОПШТИНА БИТОЛА И СОЈУЗОТ НА БОРЦИ ГО ОДБЕЛЕЖУВААТ ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ГРАДОТ

ОПШТИНА БИТОЛА И СОЈУЗОТ НА БОРЦИ ГО ОДБЕЛЕЖУВААТ ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ГРАДОТ

Во кабинетот на градоначалникот на општина Битола, со прием на претставници од општинскиот одбор на Сојузот на борци, денеска започна одбележувањето на празникот на градот – 4 Ноември. После средбата, Градоначалникот на општина Битола, претставници од Сојузот на борци, претставници од Советот на општина Битола, делегации од збратимените градови и други гости положија свежо цвеќе пред споменикот на НОАБМ:
„Пред 69 години на овој ден, 4 ноември 1944 година беше ослободен град Битола. Кога седмата македонска ударна бригада влезе во градот денот беше врнежлив, но народот беше излезен на улица да ги пречека борците од седмата народноослободителна бригада, да ги пречека синовите со смеа и солзи. Од тој ден Битола почна да се гради просперитетно, да се вработуваат луѓето“ изјави Александар Трајковски, претседател на општински Сојуз на борци.
Денешните настани претставуваат продолжуваат продолжение на неколкудневните програмски активности:
„Ја користам оваа можност уште еднаш да го честитам големиот празник – Денот на ослободувањето на Битола. Општина Битола има обемна програма и од година во година таа програма се зголемува. Денеска е голем, значаен ден, а општината достоинствено го празнува неколку дена. Со општинскиот сојуз на борци остваривме средба, разменивме некои мислења и можам да ви кажам дека имаме одлична соработка со нив, нивната годишна програма во еден дел се совпаѓа со програмата на општина Битола. Денеска сме сите заедно на овој Ден кој одбележува едно значајно време, изјави Градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.