НОВ АСФАЛТ ВО НАСЕЛБА ДЕВЕАНИ

НОВ АСФАЛТ ВО НАСЕЛБА ДЕВЕАНИ

Асфалтирање на три краци, промена на канализациона мрежа во еден дел и поврзување на трите краци се дел од активностите кои во моментот се во завршна фаза во населбата Девеани. Со денешното завршување на асфалтирањето, жителите на населбата Девеани ќе добијат значително подобрени инфраструктурни услови, што е од особено значаење за овој дел на градот посебно во зимските месеци:
„Се наоѓаме во една периферна населба во Битола на улица Девеани и во разговор со мештаните, луѓето укажаа на своите проблеми и констатиравме дека во однос на водоснабдувањето немаа проблеми, но кога започнавме да го работиме коловозот кој што го побараа се покажа дека има проблем со канализацијата. Направена е канализација над 200 метри и над 600 метри коловоз. Вкупната вредност на целата оваа интервенција е над 8 500 000 денари. Ова е голема придобивка затоа што овој дел беше долго време како отсечен од градот, а сега ќе имаат директно поврзување што во многу ќе им го олесни животот. Како што забележавте тие се задоволни од ова и се надевам дека и понатаму ќе имаме можност и во уредувањето околу коловозот да помогнеме“, изјави Градоначалникот на општина Битола м-р Владимир Талески.
Градежната сезона во општина Битола е во полн ек. Во текот на утрешниот ден продолжува и асфалтирањето на ул. Струшка, како и на неколку други улици кои се вклучени во програмата за оваа година, кога ќе бидат завршени 25 улици, што претставува само една четвртина од најавените минимум 100 улици за следните четири години.