Најубаво уредени индивидуални и заеднички зелени површини и балкони

Најубаво уредени индивидуални и заеднички зелени површини и балкони

 

Градоначалникот Талески ги додели наградите на најуспешните  во акцијата  „Најубаво уредени индивидуални и заеднички зелени површини и балкони“ . За најубаво уреден балкон  беше избран на ул„Димитар Тодоровски“ 5а, најубаво уреден индивидуален двор на ул.„ Сотир Брбевски“ бр.48 и најубава заедничка зелена површина на ул.„Анести Пановски“ бр.25. На наградените најуспешни индивидуални и заеднички зелени површини  им беа доделени косилки за трева а на најуспешниот балкон комплет материјали (семиња, трева, ….)