БИТ ФЕСТ 2011- Концерт на ,,Љубојна"

БИТ ФЕСТ 2011- Концерт на ,,Љубојна"

 

   Битолчани имаа несекојдневна можност да уживаат во музиката на групата „Љубојна “ на плоштадот „Магнолија“.
   Составот  Љубојна, кој најавтентично го пренесува пулсот на македонскиот мелос, го темели творештвото не само на сопственото слегување до „изворот“, туку и длабоко навлегува во она што се нарекува современа звуковност. Станува збор за македонска музика од 21-от век, со сета нејзина страст, ентузијазам и енергија. Елегантна музика со жесток ритмички пулс. Допирајќи се до различни музички стилови, втемелена врз македонскиот бит, музиката е изговорена како универзален музички јазик, според антрополошкиот и космополитски код кој го носи во себе.    
   Зад музичарите се крие богато музичко искуство и вештина предадена од мајстори на овој занает, кај некои од нив уште од најрани години како потомци на познати чалгаџии.