Од сношти започнуваа проекциите на филмовите во рамките на ,,Муфте кино” кое и оваа година( втора по ред) е поддржано од БИТ ФЕСТ. Филмовите ќе бидат на различни јазици, со цел да се отслика мултикултурноста на Битола како конзулски град. Целта на проектот е да се збогатат вечерните часови и структурира слободното време пред се на младите од Битола, туристите и останатите граѓани од градот. Филмовите ќе се прикажуваат во Летната бавча на Хотел Амбасадор. Преку поддршката на овој проект БИТ ФЕСТ поддржува проекција на 3 филмови:
– Шишање 2010 год.(српски) – среда 21.00 часот – Хотел Амбасадор
– Одмазда (македонски) 2001 год. Драма – Воен – четврток 21.00 часот – Хотел
– Дома 2009 год.(англиски) – петок 21.00 часот – Хотел Амбасадор
Во организација на НВО Сфера, а со поддршка на БИТ ФЕСТ овие три дена предвидена е и богата музичка програма.