БИТ ФЕСТ 2011 – "ТРА ЛА ЛА" – 12 ти Интернационален детски фестивал

БИТ ФЕСТ 2011 – "ТРА ЛА ЛА" – 12 ти Интернационален детски фестивал

  
Интернационалниот детски фестивал ТРА ЛА ЛА  како програмски дел чија целна група се пред се децата на БИТ ФЕСТ доаѓа по неодамна одржаниот интернационален детски театарски фестивал ,,Битолино” кој беше поддржан од БИТ ФЕСТ, а во организација на детскиот театар ,,Петар Стојковски – Бабец”.
 
12 – тиот Интернационален детски музички фестивал ,,Тра ла ла” во петок во античкиот локалитет Хераклеја на едно место се собраа 18 учесници од кои 8 се од Македонија, а 10 учесници доаѓаат од други земји: Италија, Босна, Хрватска, Словачка, Србија, Словенија, Бугарија.
12 тото издание на Тра ла ла според досегашната традиција  започна  со благослов од митрополитот Преспанско – Пелагониски – Г. Петар, а свечено  го отвори Градоначалникот на Општина Битола – Владимир Талески

– награда за најдобар текст  за композицијата ЉУБАВ ЈЕ… во изведба на Ѓорѓе Марковиќ (Србија)
– награда за најдобра музика: песната КАД ПОРАСТЕМ БИЧУ БАКА, која ја изведе Лорена Јанковиќ од Црна Гора
– награда за најдобар аранжман: композицијата на авторот Марјан Неќак МОЈ ПРИНЦУ а во интерпретација на Екатерина Цветковска
– 3-та награда од жири: песната ТИП ТОП во изведба на Андреа Иваилова Цонева (Бугарија)
– 2-ра награда од жири: МОЈ ПРИНЦУ и повторна малата Екатерина Цветковска
– 1-ва награда од жири: Ангела Шутич од Србија со песната ТАЈНА ВЕЗА
– НАЈГОЛЕМОТО признание, ГРАН ПРИ наградата на 12-тото издание на Интернационалниот детски музички фестивал ТРА ЛА ЛА Битола 2011, ја освои композицијата САМО ФАНТАЗИЈА, чиј комплетен автор е Кристијана Габроски, а жирито со својата интерпретација го плени прекрасната Елена Стојчевска.