АРТ ФЕСТ ја прикажува уметноста, на веќе докажаните млади уметници од Битола:Јане Крстески, Ленче Крстеска, Петар Рајчиноски и Иван Поповски.
Овие уметници млади според возраст, но со многу дела зад себе, во изложбениот салон на Центарот за култура изложија резби, слика на платно и фотографија.
М-р Јане Крстески во изложените резби ја претставува Македонија, претставува Пафта, Свети Климент. Изложбата слика на платно изработена од М-р Ленче Крстеска содржи: триптих, Богородица со Христос, Света Петка, Царски двери. Изложбата на резби од Петар Рајчиноски прикажува: Ангел, лоза, го претставува Свети Климент, китабе и флора со черџе. Изложбата на фотографија е на Иван Поповски и содржи портрет и карикатура.
Арт Фест е во организација на Младински европски форум, а за прв пат оваа година е во програмата на БИТ ФЕСТ.