БИТ ФЕСТ – БИТОЛА ОТВОРЕН ГРАД – РЕЦИКЛИРАНА МОДА НА ШИРОК СОКАК

БИТ ФЕСТ – БИТОЛА ОТВОРЕН ГРАД – РЕЦИКЛИРАНА МОДА НА ШИРОК СОКАК

 

Модни креации изработени од рециклиран материјал беа претставени на ревија под отворено небо на Широк сокак во Битола.
Модната ревија е дел од програмата на Интернационалниот младински арт-фестивал „Битола отворен град 2012” во организација на Младинскиот културен центар од Битола.
Авторка на модната ревија е Kатарина Рашиќ од Србија. Една од нејзините специјалности се фустаните од рециклирани материјали. Со вакви креации се има претставено на повеќе групни и самостојни изложби и модни ревии.
Во Битола се претстави преку самостојна модна ревија и предизвика голем интерес кај битолчани и голем број странски посетители кои во овој период престојуваат во градот.
Авторката на изложбата за своето дело вели дека користи отпадни материјали, лепило и трпение.