БИТ ФЕСТ – ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА „ТРЕПЕТИ НА ДУШАТА“

БИТ ФЕСТ – ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА „ТРЕПЕТИ НА ДУШАТА“

 

Во културниот центар Магаза, на последниот ден од најдолгото и најсодржајно културно лето БИТ ФЕСТ 2012 беше отворена последната ликовна изложба која беше дел од програмата на БИТ ФЕСТ. Насловена како „Трепети на душата“ изложбата е одраз на состојбите низ кои како автор поминувала Ема Ќука. Изложбата претставена низ три циклуси е нејзина прва изложба.