БИТ ФЕСТ – ИЗЛОЖБА НА САШО РИСТЕВСКИ „БИТ ФЕСТ 2012“

БИТ ФЕСТ – ИЗЛОЖБА НА САШО РИСТЕВСКИ „БИТ ФЕСТ 2012“

 

Фотографирајќи ги сите настани кои беа дел од Битолското културно лето БИТ ФЕСТ 2012 фоторепортерот Сашо Ристевски овозможи ретроспектива на настаните кои ова лето беа понудени како културни содржини за сите битолчани и сите гости кои доаѓаат во овој град. Избирајќи од своето богатство на фотографии, Ристевски направи изложба на 150 најдобри фотографии, овозможувајќи притоа потсетување на сите настани и сите атрактивни простори на кои ова лето се одржуваа културни содржини.