БИТ ФЕСТ – ШИРОК СОКАК ВО БЕЛО СО ДЕЈВИД МОРАЛЕС

БИТ ФЕСТ – ШИРОК СОКАК ВО БЕЛО СО ДЕЈВИД МОРАЛЕС

 

Исклучителен настан, огромен број на гости и преполнетост на амбиенталната улица Широк Сокак беше сликата на затворањето на седмото издание на БИТ ФЕСТ 2012. После настапот на тројцата локални ди џеи, точно на полноќ, Покровителот на фестивалот Градоначалникот м-р Владимир Талески затворајќи го БИТ ФЕСТ 2012 на многубројната публика им го најави настапот – круна на големите настани на БИТ ФЕСТ – светски познатиот ди џеј Дејвид Моралес. Битолчани и гостите од надвор со нетрпение го очекуваа овој голем музички настан.
Исклучителната атмосфера беше надополнета со унифицираноста на 11 – те кафе барови долж Широк Сокак во бела боја и со бели балони, како и облеката на присутните од кои секој на себе имаше бел детал.
Широк Сокак во бело со Дејвид Моралес е исклучителен настан од кој впечатоците се големи.