БИТ ФЕСТ: КОНЦЕРТ НА МАКЕДОНСКИ МУЗИЧКИ КВАРТЕТ

БИТ ФЕСТ: КОНЦЕРТ НА МАКЕДОНСКИ МУЗИЧКИ КВАРТЕТ

 

Во Културниот центар Магаза, битолчани имаа можност да уживаат во концертот на „Македонски BRASS QUARTET“.
Како резултат на долгогодишно заедничко музицирање во различни ансамбли, четворица музичари, членови на оркестарот на МОБ оформија камерен brass quartet. Идејата за ширење на музичката brass култура многу брзо е прифатена од страна на организаторите, така што многу брзо настапуваат низ Македонија. Изведуваат барокни дела од старите мајстори (Персел, Хендел, Бах), но и нови дела (Равел, Џоплин, Пијацола).