Во соработка со Американското катче во Битола се одржа настанот „Современи трендови на читање книги“.
Станува збор за проект со кој до читателите се доближува можноста да ги видат и употребат електронските читачи на книги. Во рамките на проектот се реализира соработка со Американското катче во Битола, како и презентација на новите модели на читачи на книги.
Иницијаторите на настанот, Милка Котевска и Фатма Бајрам Аземовска, според своето искуство во библиотечната дејност, констатираат дека луѓето во Македонија веќе имаат стекнато навика за читање од листови многу одамна и како што писмото не ја истисна оралната традиција, така ниту електронското читање нема да ја истисне хартиената.