БИТФЕСТ: КОНЦЕРТ НА ФИЛХАРМОНИЈАТА ПРИ АНАДОЛИСКИОТ УБИВЕРЗИТЕТ

БИТФЕСТ: КОНЦЕРТ НА ФИЛХАРМОНИЈАТА ПРИ АНАДОЛИСКИОТ УБИВЕРЗИТЕТ

 

Во исклучителниот простор со голема културно – историска вредност, познатото Пацио на Завод и Музеј во Битола, пред голем број гости и претставници на дипломатскиот кор синоќа се одржа концерт на Филхармонијата при Анадолискиот универзитет од Република Турција. Силни аплаузи, импресионираност и голема возбуда кај присутните создаде овој исклучителен настап за кој уште долго ќе се зборува. Фотографиите најдобро ја отсликуваат атмосферата, а музиката…таа едноставно допре до срцата на сите гости.