Огромна радост, детска среќа и насмеани лица во градскиот парк во Битола. По повод 200 години од првото издание на книгите за деца од германските писатели Браката Грим во рaмките на најдолгото културно лето БитФест синоќа се раскажуваа познатите приказни од Браќа Грим преку аматерски куклен театар во изведба на тимот на Дизни Кидс.
Во претставата учествуваа деца од Битола избрани преку аудиција. По завршувањето на претставата забавата продолжи со игра и песна која ја збогати убавата атмосфера. Во друштво на „Јунаците од цртаните филмови “ се создаде одлична можност за дружење со музика, потикнување на креативноста и незаборавно дружење преку разиграност на децата и ширење на идејата за благосостојба и мир во целиот свет. Во публиката присуствуваа Принцезата Пепелашка, принцезата Снежана од седумте џуџиња, Убавицата од ѕверот, Заспаната убавица …..а децата имаа можност да се фотографираат и да играат моторички игри заедно со јунаците.. Хепенингот беше збогатен со пригодна сценографија, кореографија и режија во која сите присутни заеднички уживаа.