Во концертната сала на Завод и музеј, во рамките на осмото издание на битолското културно лето БИТ ФЕСТ 2013, битолчани имаа можност да поминат еден час дружејќи се со „Butelion classic chorus”. Концертот на хорска музика понуди богата програма почнувајќи од Слава отцу и единородни сине – Д. Бортњански, Ниње отпушчајеши – А. Арханѓелски, Тебе поем – С. Мокрањац, К Богородице прилежно – А. Арханѓелски, О тебје радуетсја – С. Смоленскиј, Помјанух пророка – Т. Скаловски, потоа Печал – Т. Прокопиев, Дафино вино црвено – Д. Шуплевски, Тодорка млада робинка – Т. Скаловски, Роса – Т. Прокопиев, Орал дедо – Д. Шуплевски, а вечерта заврши со Il est bel et bon – P. Passerau.