Станува збор за изложба на Коктел Медиа Групација од Битола, граѓанска организација која на полето на културата во Македонија и Битола се појави во 2009 та година.
На изложбата беше претставен проектот “Битола низ 360 степени” кој е комбинација на изложба на фотографии со димензии 2 до 4 метри должина и 60см висина, снимени под агол од 360 степени, кои од нова точка на гледање го презентираат градот Битола.
Мулти – медијалниот проект – видео презентацијата е начин на придонес кон промоцијата на градот во форма составена од видео, фотографија и музика.
КМГ продолжува со своите активности со соработка со автори од Србија и Хрватска, работилници по професионална фотографија низ Балканот и голем број ликовни изложби.