Митот е како единица мерка за времето на една цивилизација. Митовите како архетипови се појавуваат низ историјата на човештвото и носат предупредувачки пораки за луѓето од иднината, за да не се повторат истите грешки кои ги направиле и нашите претходници. Но, што ако боговите не се достојни на своите правила, на својата божественост, како да се победи досадата од бесмртноста? Дали и боговите сакаат да станат луѓе колку што и ние сакаме да станеме богови?, вели режисерот Андреј Цветановски
Претставата “Метаморфози” е работена по “Метаморфози” на Овидиј, а во адаптација на Дарко Јан Спасов. Сценографијата е на Владимир Ѓорески – Рафик, а костимите на Кристина Мукоска Затуроска.