БИТ ФЕСТ 2011 – БИТОЛА ОТВОРЕН ГРАД ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

БИТ ФЕСТ 2011 – БИТОЛА ОТВОРЕН ГРАД ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

Градоначалникот Талески заедно со организаторите на Битола Отворен град  -Младински културен центра одржаа прес конференција на која го најавија 10 издание на интернационалниот младински арт фестивал Битола отворен град.
Бендовите Дубиоза Колектив и С.А.Р.С. се главни звезди на јубилејното издание на интернационалниот младински арт фестивал
Десетгодишниот јубилеј ќе биде одбележан и со настапот на “Хај Контрол“ од Тетово и на реоформениот бенд”Промашена инвестиција“ од Битола кој точно пред десет години го отворија првото издание на фестивалот “Битола Отворен Град“.
Интернационалниот младински арт фестивал е во организација на Младински културен центар – Битола (МКЦ-Битола), а главниот настан е во кo-организација и партнерство на МКЦ-Битола и Fresh Union.