Во Уметничката галерија “Магаза” беше отворена Изложбата – “Предел” на Драган Најденовски. Оваа изложба е поддржана од министерството за култура и Општина Битола преку битолското културно лето – БИТ ФЕСТ.
Пределот на Драган Најденовски открива извесна мистика на сокриени чувства, на фрагменти од еден волшебен сон, на несекојдневна глетка и визуелна перцепција. Тој е истиот предел кој беше откинат од природата и забележан како најкоцентриран сегмент од линии,форми и колорит, но во најновите дела вообличен со нови ликовни визури во кои доминира вертикалата како основене елемент на новата ликовна естетика на авторот.
Драган Најденовски е член на ДЛУБ – Битола, самостоен ликовен уметник. Учесник е на повеќе групни изложби, низ земјата и во странство, меѓународни манифестации на графика, како и многубројни меѓународни ликовни колонии. Добитник е на повеќе награди и признанија.