Во античкиот локалитет Хераклеа битолчани уживаа во театарската претстава на драмското студио Солза и смеа „Златна Бубашваба на популарноста 6“
Најновиот проект на Солза и Смеа е хумористичниот ТВ серијал Златна Бубашвата, ТВ издание кое е гледано не само на локално ниво, туку и низ територијата на целата земја и странство.
Сношти драмското студио Солза и смеа го прослави својот 15 ти роденден. Нивната театарска претстава која е во рамките на битолското културно лето предизвика голем интерес не само кај битолчани, туку и кај сите кои слушнале за нив, а сега со нетрпение очекуваат да уживаат во најкомичното изненадување подготвено од овие млади креативни луѓе.