Изложба "Патешествија низ документи"

Изложба "Патешествија низ документи"

Факсимили и фотографии документи за Никола Карев од Александар Ѓорѓиев во НУ Завод и музеј во Битола во рамките на БИТ ФЕСТ во организација на Општина Битола и Топол културен Бран во организација на Министерството за култура.
Изложбата го опфаќа ликот на Никола Карев, неговата улога во македонската историја,делото како ученик, револуционер, војвода и началник на горскиот штаб во крушевската револуционерна околија.
 
Оваа изложба е уште едно потсетување на македонските граѓани на илинденскиот период.  Преку факсимилите и фотографиите кои зборуваат за животот и делото на Никола Карев граѓаните ќе имаат можност за едно вистинско патешестивие низ документи како што е и насловена оваа изложба.