БИТ ФЕСТ 2011 – ДУО СКУПИ

БИТ ФЕСТ 2011 – ДУО СКУПИ

 Концерт на ,,Дуо Скупи”  Јета Старова Мехмети – флејта,  Ермал Мехмети – виолина
ДУО СКУПИ  се формира во 2006 та година.  Од тој период со голем успех настапува на значајни манифестации и рецитали во Европа и САД.
Добитник е на признание ,,Distinguishes musicians” на меѓународниот натпревар во Рагуза – Италија.
Во Скопје, Република Македонија, ДУО СКУПИ е добитник на едно од најзначајните признанија во Македонија:Статуетка за хумани и музички активности ,,Мајка Тереза”.
Нивната програма на БИТ ФЕСТ ја сочинуваат композициите:
Со убави цветови, Пролетен ветер, Песните од мојот крај, Марѓело, Еден цвет, Извори, Илбер, Икавица, Те сакам мало моме, Овчарка.
Сите композиции се обработка на традиционална албанска музика.