Креативен проект кој ги обединува музичарите на симболично патување, патување поврзано со чувствата на човекот кој истражува. “Каино јасно сонце” од Бугарија го сочинуваат: Петар Делчев/ishia/ – тамбура, чело – тамбура и перкусии; Станислав Стојанов “Тони хоро” /Quantone/ перкусии; Веселин Митев/isihia/ – гајда, дудук, кавал: Владо Чифлиганов/ishia/ – гајда, дудук и дрвени дувачки инструменти.
Од 2007 година во бендот музицирале искусни музичари како: Павел Тарвински – вокал, Виктор Валков – пијано, Алексеј Цветанов – перкусии, Тодор Недев – гитара, Љубомир Брашненков – бас гитара, Петар Теодоров -перкусии.
Настапија со следните 7 точки: Родопа, Чакрк, Заник, Јаман, Кокуд, SMR, Нестинско оро.
Музиката е на Каино јасно сонце и традиција, а аранжманот на Каино јасно сонце.
