Последната вечер во рамките на филмските денови во Магазата се прикажа филмот “Раскрсница” – Турција филм на Селим Демирделен прогласен за најдобра музика, најдобра женска улога
Во изминатите 4 денови во рамките на ЕСРА филм во Битола беа прикажани наградените – најдобри филмови на фестивалот “See a Paris”: Пиран Пирано-Словенија (филм на Горан Војновиќ – најдобар филм и најдобра машка улога), Источни игри – Бугарија (филм на Камен Колев специјална награда на фестивалот), Оставени – Босна и Херцеговина (филм на Адис Бакрач – најдобра режија), Албанска Хроника – Албанија (филм на Артан Минароли – најдобро сценарио).