,,Медеја” – театарска претстава – премиера на НУНТ Битола
во режија на Нада Кокотовиќ според текст на: Хајнер Милер, и текстовите на Еврипид, Ајсхил, Георг Бихнер и Криста Волф
Театарската претстава ,,Медеја” говори за неколку прашања поврзани со жената: Што е жената? Каков е односот маж – жена? Односот: жената и политиката и воопшто за односот помеѓу жената и поширокото општествено опкружување. Медеја говори за светот за кој или против кој треба да се бориме.
Музиката на Миодраг Неќак во ,,Медеја” е дел од сценографијата.
Нада Кокотовиќ за прв пат во Македонија ја поставува на сцената ,,Медеја” според Хајнер Милер.
УЛОГИ:Медеја – Јулијана Мирчевска, Јасон – Здравко Стојмиров, Дадилката – Соња Михајлова, Касандра – Христина Христова, Креонт – Борис Чоревски, Хоровотката – Валентина Грамосли
Хорот на Коринтјанките :Менка Бојаџиева,Соња Ошавкова,Јулијана Стефановска,Катерина Аневска,Марија Стефановска
Гласникот Никола Пројчевски Аргонаути
Двата сина Медеини (Ангел Мицевски и Горазд Христовски)
По премиерата на БИТ ФЕСТ, битолскиот народен театар ќе ја одигра театарската претстава ,,Медеја” на 20 ти август на затворањето на Охридско лето.