Во Народниот театар втора вечер се одржува театарската претстава “Обична приказна” од Марија Ладо во режија на Љупчо Ѓоргиевски
“Обична приказна” на многу едноставен начин зборува за смислата на човековото постоење, за заборавените и потиснатите вредности заради кои единствено вреди да се живее. Тоа е приказна за љубовта која не е привилегија само на човекот, туку право и на животните. Токму таа љубов, чиста во својата есенцијална форма го потсетува човекот на заборавените животни вредности и му помага тие повтопрно да излезат на површина како би се спасил од самиот себе – вели Љупчо Ѓоргиевски.
Битолскиот народен театар со претставата “Обична приказна” гостуваше во Торонто, Канада, а на фестивалот Војдан Чернодрински во Прилеп на актерот Николче Пројчевски му беше доделена награда за најдобар млад актер.