БИТ ФЕСТ 2011 "Допрете го срцето на Македонија"

БИТ ФЕСТ 2011 "Допрете го срцето на Македонија"

 Здружението на уметници ракотворци од Битола преку своите штандови поставени на Широк Сокак до втори август ќе им овозможува на граѓаните да се потсетат на историјата, на традицијата, на убавото, на големината на делата направени од вештите раце на ракотворците.
 
На овој традиционален настан покрај домаќините -ракотворците од Битола учество ќе земат и ракотворци од Куманово, Пробиштип, Прилеп и други македонски градови.  Искористувајќи ги природните материјали ракотворците ќе претстават изработки од дрво, кожа, волна, стакло…Презентираниот накит, народните носии и останатите ракотворби една недела ќе не потсетуваат на минатото, на историјата, ќе не соочат со сегашноста и ќе го покажат вистинскиот спој на она што било некогаш со времето што доаѓа.