Новиот албум на битолската група “Pumpers” ја доживее својата битолска промоција. На незаменливиот и единствен Широк Сокак уживаат во музиката на Pumpers.
“Oh Whatever” е албум за моментите кога посакуваме да се откажеме, кога нешто ни изгледа премногу тешко и нереално, кога мислиме дека сме дале премногу а не добиваме доволно за возврат. токму тогаш кога помислуваме „па сеедно ќе се откажам“ тогаш доаѓа пресвртот која ни дава нов поттик да продолжиме понатаму, посилни и поистрајни да го достигнеме она што го сакаме, вели Ирена Димовска од Pumpers.
Албумот има 12 траки, текстовите главно се посветени на љубовта, музиката и непоколебливоста, односно се она што ги води младите луге, а музиката е модерен поп-рок со влијанија на електронска и џез музика.