БИТ ФЕСТ 2011 – "Автoфотографии" изложба на Константин Плевнеш

БИТ ФЕСТ 2011 – "Автoфотографии" изложба на Константин Плевнеш

 
Со музички перформанс на Вангел Мачковски од Шпанија и стихови од  македонската поезија Наум Манивилов и Љупчо Савевески  во битолската магаза беше отворена изложбата “Автофотографии” на Константин Плевнеш.

Со неговите фотографии вие се движите низ Париз, Њујорк, Прага или Мадрид и чувствувате дека ликовите што тој така поетички ви ги претставува стануваат херои на вашиот личен свет.  Не беше воопшто случајно што легендата на светскиот театар, бродот на американската театарска револуција Питер Шуман од театарот Леб и Кукли во Вермонт ќе рече ” Константин прекрасно го свири инструментот камера! Низ последниве десетина години јас лично имав можност да го видам во автофото – музика да продолжи во неговата уметничка иднина.