БИТ ФЕСТ 2011 – НАЈАВЕНО СВЕЧАНОТО ЗАТВОРАЊЕ НА ФЕСТИВАЛОТ СО НАСТАНОТ „ШИРОК СОКАК ВО БЕЛО“

БИТ ФЕСТ 2011 – НАЈАВЕНО СВЕЧАНОТО ЗАТВОРАЊЕ НА ФЕСТИВАЛОТ СО НАСТАНОТ „ШИРОК СОКАК ВО БЕЛО“

Градоначалникот Талески и тимот кој работи на успешна  реализација на најдолгото културно лето Бит фест , пред средствата за информирање го најавија свечаното затварање на фестивалот.
 
Голем огномет, изложба на фотографии од сите над 120 случувања на најдолгото и најсодржајно културно лето во Македонија, Модна ревија,,Рециклирај се и рециклираното е убаво”и се разбира она што ќе привлече многу внимание од центарот на Битола, од срцето чиј ритам надалеку одекнува, ќе заблеска големиот настан ,,Широк Сокак во бело”.
 Во 23.00 часот БИТ ФЕСТ достигнува кулминација со DJ set и Кирил Џајковски.  Широк Сокак во бело е настан со кој 10 кафе барови од горниот дел на Широк Сокак унифицирани во бело, во бојата на помирувањето и симболиката на убавина ќе покажат дека и овие локали учествуваат во креирањето на културно – забавниот живот во градот, дека тоа се места во кои се родиле многу идеи кои кулминирале во успешно реализирани проекти.
 Во петок на 26 ти овие кафе барови (Портал2, Симбол, Папаз кафе, Кафе ин, Инстинкт, Игучи, Легенд, Данте, Лектира и Пица ресторан Милениум) подготвуваат и своја preparty подготвувајќи се за големиот настан в сабота.  Манифестацијата Широк Сокак во бело е дел од затворањето на битолското културно лето – главен настан на свеченото затворање кој е поддржан и од Пивара Скопје.