БИТ ФЕСТ 2011 "Fanfares band" – Корча Албанија

БИТ ФЕСТ 2011 "Fanfares band" – Корча Албанија

Дел од проектот кој со поддршка од Европската унија го реализираат Општините Битола и Корча е и гостувањето на Фанфари бендот од Република Албанија.  Проектот насловен “Граници без граници”, покрај предвидените работилници во кои учествуваат млади невработени лица, предвидува и размена на културни уметници односно нивно гостување во општината партнер.  Во тие рамки е и гостувањето на Фанфари бендот на БИТ ФЕСТ.  Бендот со своја програма  се претстави пред битолската публика, а  продефилира и по Широк Сокак.