БИТ ФЕСТ 2011 –БИТОЛА ОТВОРЕН ГРАД Изложба на уметничка фотографија „Видувања“ – Србија

БИТ ФЕСТ 2011 –БИТОЛА ОТВОРЕН ГРАД Изложба на уметничка фотографија „Видувања“ – Србија

Во кафе бар Камарите ќе можете да ја посетите изложбата на уметничка фотографија VIEWS – ВИДУВАЊА.
Авторката на проeктот VIEWS 2011 Јелена Павличиќ од Србија, преку фотографиите избрани на меѓународен конкурс успева умешно да одговори на тоа како индивидуите одговараат на колективните теми. Како делата од минатото зборуваат за сегашноста? Во која мера можеме да се препознаеме во културата на минатото?
Изложбата на уметничка фотографија ВИДУВАЊА досега е претставена на публиката во Косовска Митровица, Белград и Скопје, а сега за прв пат оваа изложба ќе се промовира и пред публиката во Битола.