БИТ ФЕСТ изминатиот период покажа дека ги почитува сите генерации и сите културни интереси. Оваа ноќ неговата програма која е под покровителство на Градоначалникот Владимир Талески, нуди нешто што под ова ѕвездено небо овозможува испреплетување на старото и новото, традицијата и модерното, нешто пред што и најсилното срце ќе затрепери.
Оваа староградска вечер, прегрната од ѕвезденото небо нуди новокомпонирани староградски песни во духот на едно време кое иако е некаде далеку зад нас, сеуште допира длабоко во дамарите на секој Битолчанец. Песни за една љубовна приказна во кои секој од нас може лесно да се препознае себе, или некој од неговите блиски сограѓани.
Песни Битолски …
Битола мирно спие, саатот отчукува полноќ.
Староградска вечер насловена “ПОД SВЕЗДЕНО НЕБО” во продукција на Студио Микс – Битола и во неа настапија:
01 “ Како ветер да ја донесе “ – Група Филиграни
02 “ Уште една волта “ – Адријана Ацевска
03 “ Еј младост пуста “ – Група Фонтана
04 “ Изгаснати свеќи “ – Марина Коруновска
05 “ Портите жено отвори “ – Група Прва Севда
06 “ Полноќ мина “ – Марија Митровска
07 “ Течи, течи, Драгоре “ – Папал
08 “ Ој ти пиле мое убаво “ – Група Бон Тон
09 “ Кога јас се женам “ – Група Боеми
10 “ Под твоето пенџере “ – Група Калабалак
11 “ Очи сини “ – Сефедин Бајрамов
12 “ Битолски ноќи “ – Биљана Дамјановска Јанчевска
Музика и аранжмани – Миодраг Неќак
Текстови – Кристијан Габроски
Снимање, продукција, постпродукција и мастеринг – Студио МИКС Битола
Продуцент – Миодраг Неќак